сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Манасков дефинитивно нема да игра против Швајцарија

Манасков дефинитивно нема да игра против Швајцарија

Ракометната селекција на Швајцарија ќе биде последниот противник за избраниците на Кирил Лазаров во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година.

Селекторот Кирил Лазаров нема да може да смета на Дејан Манасков, а со мали проблеми се соочува и Мартин Велковски.

„Дејан Манасков отпадна од комбинација, се надевам дека повредата нема да биде сериозна, тој е квалитет, ќе фали, но мора да создаваме играчи, имаме и други резерви, сега ќе имаат шанса да покажат што знаат, да знаеме што ќе не чека во иднина на таа позиција. Имаме мали проблеми со Мартин Велковски, познавајќи го него ќе стисне заби ќе го даде својот допринос“, вели македонскиот селектор.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија е закажан за в недела со почеток од 18:00 часот.

Коронавирус