четврток, 13. август 2020. Вести денес: 139
home Ракомет

Македонските ракометарки во првиот дел за извлекувањето на претквалификациските групи за СП 2021

Македонските ракометарки во првиот дел за извлекувањето на претквалификациските групи за СП 2021

Македонската репрезентација е дел од првиот шешир за претстојното извлекување на претквалификациските групи за женското ракометно Светско првенство во Шпанија што ќе се одржи во период од 1 до 19 декември 2021 година. Во првиот шешир се уште и: Австрија, Белорусија, Словачка и Турција.

Втор шешир: Украина, Италија, Исланд, Швајцарија и Португалија.

Трет шешир: Литванија, Фарски Острови, Косово, Израел и Финска.

Четврти шешир: Грција и Луксембург.

Извлекувањето на квалификациските групи за СП 2021 е закажано за денес од 15 часот во Виена.

Термините на одигрување на натпреварите се од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември. Ќе се формираат пет групи (две со по четири, три со по три селекции), а прво и второпласираните обезбедуваат место во баражот. (МИА)

Коронавирус