Машкиот ракометен шампион Е.Пелистер е во фаза на формирање на екипата и очекувања на позитивни вести ов Виена. Имено, следната недела ќе се знае во кое европско натпреварување ќе играат битолчани, па ќе бидат познати точните датуми од подготовките.
Во овој момент се знае дека ракометарите ќе пристигнат во Битола на редовните медицински прегледи на 24 јули, а некокку дена подоцна Раул Алонсо ќе го одржи првиот тренинг.
Се очекуваат датите и од домашните натпреварувања, но се претпоставува дека шампионатот ќе започне во последниот викенд од август, а веројатно неколку дена порано или подоцна ќе се игра Суперкупот помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.
Пелистерци ќе билдаат форма на Златибор, а го потврдија учеството на турнирот во Охрид.