среда, 26. септември 2018. Вести денес: 104
home Ракомет

Македонскиот ракометар рипна во тавче- во родното Крушево се заколна на вечна љубов (ФОТО)

Македонскиот ракометар рипна во тавче- во родното Крушево се заколна на вечна љубов (ФОТО)

Филип Талески, ракометниот репрезентативец на Македонија денеска го кажа судбоносното „ДА“. Тој стапи во брак со својата избраничка Елена Секуловска, а се регистрирале во неговото родно Крушево.

Талески, кој инаку настапува за екипата на Рајн Некар има 22 години, а неговата сопруга е од Битола и живее во Германија.

Со ова и тој влегува во групата на ракометари во сениорскиот состав кои се во брак, а како изгледаше денеска на регистрацијата можете да погледнете во продолжение од фотографиите објавени на неговиот Фејсбук профил.

Нека им е со среќа!