недела, 9. мај 2021. Вести денес: 85
home Ракомет

Македонски судии ќе судат на натпревари во Европските Купови

Македонски судии ќе судат на натпревари во Европските Купови

Македонските судии ќе бидат активни следната недела на првите четвртфинални натпревари од евро-куповите.

Битолските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски се делегирани за првиот четвртфинален натпревар од Европската лига меѓу Чеховски Медведи и Рајн Некар Левен. Натпреарот ќе се одигра во Москва следниот вторник во 18:45 часот.

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе им судат на Сара Ристовска и ЦСКА Москва на реванш дуелот од четвртфиналето против романскиот ЦСМ Букурешт.

Натпреварот се игра в сабота со почеток во 16:00 часот, а романскиот тим има пет голови предност од првиот натпревар.

Коронавирус