сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 86
home Ракомет

МАКЕДОНСКАТА ЛЕГЕНДА СЛАВИ РОДЕНДЕН: Лазаров влезе во петтата деценија од животот, но не излегува од блескавата форма

МАКЕДОНСКАТА ЛЕГЕНДА СЛАВИ РОДЕНДЕН: Лазаров влезе во петтата деценија од животот, но не излегува од блескавата форма

Македонскиот ракометен репрезентативец и селектор Кире Лазаров денеска го прославува 41 роденден, но годините за него се само бројка. Тој и на влезот во петтата деценија од животот игра како да е почетокот на кариерата. Капитенот и селектор на Македонија игра фантастично и оваа сезона, и во македонскиот дрес, но и за неговиот матичен клуб Нант.

Лазаров оваа сезона во Лигата на шампионите стана нов рекордер, покрај тоа што е прв на вечната листа на стрелци, тој е ракометарот со најмногу настапи во ова натпреварување.

„Кралот Лазаров“, како што е наречен од Европската „куќа на ракометот“ нема да оди во ракометна пензија и оваа сезона ќе игра за Нант.

ЕУРО 2020

Македонија