вторник, 19. март 2019. Вести денес: 96
home Ракомет

Македонија во голем стил ги среди „самураите“

Македонија во голем стил ги среди „самураите“

Ракометната репрезентација на Македонија забележа победа над Јапонија со 38-29 (18-13) во првиот натпревар од групата „Б“ за „жолто-црвените“ на Светското првенство, кое се игра во Германија и Данска.

Избраниците на Раул Гонзалез ја потврдија фаворитската улога и одиграа добар натпревар во Берлин. Откако заостанувавме во резултатот во првите неколку минути (4-3), ја презедовме контролата над играта, а во 17 минута дојдовме и до највисоки +5 (5-10). Во нападот немавме проблеми со реализацијата и забележавме сигурен триумф.

Оваа победа беше задолжителна за нашите ракометари, кои бркаат пласман во следната фаза на натпреварувањето како една од трите најдобропласирани репрезентации во групата.

Најпрецизен во нашиот состав беше Лазаров со 8 голови, додека Манасков го следеше со 7. Борко Ристовски беше одличен на голот со 20 одбрани. Кај поразениот тим, Ваканабе и Шида реализираа по четири гола.

За играч на натпреварот беше прогласен Стојанче Стоилов, кој реализираше 7 гола.

Во нашата група подоцна играат Исланд – Хрватска (18 часот) и Шпанија – Бахреин (20,30).

Следен меч за нашата репрезентација е во недела од 14 часот со Бахреин.

фото: 24rakomet.mk