петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 156
home Ракомет

Македонија славеше против Грузија на првиот тест во „Борис Трајковски“

Македонија славеше против Грузија на првиот тест во „Борис Трајковски“

Македонската ракометна репрезентација славеше над Грузија со 25-21 во првиот од двата натпревари кои нашиот националец тим ќе ги одигра со овој противник во СЦ „Борис Трајковски“.

Ова беше дуел на кој воопшто не настапи капитенот Кирил Лазаров, а дел од најважните играчи имаа лимитирана минутажа, меѓутоа тоа не може да биде оправдување за многуте осцилации во играта. Првите 30 минути донесоа изедначена игра и реми од 12-12, а така беше и поголемиот дел во второто полувреме во кое сепак ние успеавме да го скршиме отпорот на Грузијците и да дојдеме до славје на овој натпревар.

Најдобри наши стрелци на средбата беа Велковски, Поповски и Пешевски со по четири постигнати голови.

Втората контролка со Грузијците во рамките на ЕХФ неделата ја имаме утре од 16 часот.