среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 64
home Ракомет

Македонија против Русија во президент купот

Македонија против Русија во президент купот

Македонија не успеа да се пласира на едно од првите три места во првата групна фаза на ракометниот Мундијал и во следната рунда ќе разигрува во „Президент купот“ за пласман од 13-16. позиција.

Противник на македонските ракометари утре ќе биде селекцијата на Русија која во А-групата го освои 4.место.

Русите имаат многу силен тим и тоа го докажаа на неколку натпревари кои ги загубија во драматична завршница. Така беше и вчера против повеќекратниот светски првак Франција (22:23).

Натпреварот Македонија – Русија ќе се игра утре во Келн со почеток во 13 часот.

МИА