Ракомет

Македонија поразена од Мароко во Президент Купот на младинското СП

Македонија поразена од Мароко во Президент Купот на младинското СП

Младинската ракометна репрезентација на го запиша четврти пораз на Светското првенство во Полска, овојпат на стартот на Президент Купот со 30-26 од Мароко,

Избраниците на Раде Стојановиќ важеа за фаворит, ама не ја оправдаа оваа улога. Нашите младинци одиграа солидно прво полувреме, а потоа во вториот дел потфрлија и претрпеа нов неуспех.

Наш најпрецизен поединец беше Димитар Узунчев со шест реализации, а по гол помалку дадоа Андреј Стојановски и Ненад Белистојаноски.

To top