петок, 25. септември 2020. Вести денес: 63
home Ракомет

Македонија губи со пет гола од Хрватска по првите 30. минути

Македонија губи со пет гола од Хрватска по првите 30. минути

Најдобрите македонски ракометари губат со пет гола разлика (11-16) од Хрватска во мечот од 3. коло на Светското првенство (СП) кое е во тек во Германија и Данска.

Селекторите на двете репрезентации Раул Гонзалес и Лино Червар во првите 30 минути се надмудруваат кој подобро ја игра „7 на 6“, а фактите велат тоа повеќе му успева на Червар, со оглед дека неговите избраници имаат пет гола предност.

Кај нас, крилото Дејан Манасков со пет гола е најефикасен, a кај Хрватите Игор Карачиќ постигна четири гола.

Хрватскиот голман Шего има одлична партија, одбрани седум пати, од кои повеќето беа зицери. Ристовски фати три топки.

За одбележување е цепелинот на двете македонски крила, Георгиевски и Манасков на резултат 13-8.

Коронавирус