сабота, 23. јуни 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија ги доби противниците за квалификациите за ЕП 2020

Македонија ги доби противниците за квалификациите за ЕП 2020

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство 2020.

„Црвено-жолтите“ се најдоа во групата 3 каде ќе играат со Исланд, Турција и Грција.

Квалификациите почнуваат во октомври 2018 година. Првото и второто место во групата носат пласман на Европското.

Европското првенство ќе се игра во три земји, Норвешка, Шведска и Австрија. На него ќе учествуваат 24 земји, а директен пласман обезбедија европскиот првак Шпанија и земјите домаќини, Шведска, Норвешка и Австрија.

Еве ги и групите:

ГРУПА 1: Германија, Полска, Израел, Косово

ГРУПА 2: Хрватска, Србија, Швајцарија, Белгија

ГРУПА 3: Македонија, Исланд, Турција, Грција

ГРУПА 4: Словенија, Холандија, Летонија, Естонија

ГРУПА 5: Белорусија, Чешка, БиХ, Финска

ГРУПА 6: Франција, Португалија, Литванија, Романија

ГРУПА 7: Унгарија, Русија, Словачка, Италија

ГРУПА 8: Данска, Црна Гора, Украина, Фарски Острови.