понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 206
home Ракомет

Македонија денеска против Словенија за втора победа на СП

Македонија денеска против Словенија за втора победа на СП
РФМ/Фејсбук

Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе игра против репрезентацијата на Словенија од 15:30 во првото коло од главната рунда на Светското првенство.

По победата над Чиле и без пренесен бод во главната рунда, нашата репрезентација ќе се обиде да најде систем и сила за нов подвиг.

-Она што го очекувам е да се наметнеме со одреден квалитет, дисциплина и борбеност, ќе се обидеме да покажеме нешто што не го покажавме претходно, мора да бидеме и потрпеливи. Македонскиот ракомет се наоѓа во специфична ситуација, изјави Брестовац.

Коронавирус