вторник, 11. август 2020. Вести денес: 140
home Ракомет

Македонија денес го чека противникот за баражот за СП 2019- еве кои ни се потенцијални ривали

Македонија денес го чека противникот за баражот за СП 2019- еве кои ни се потенцијални ривали

„Црвено-жолтите“ го освоија 11 место на Европското првенство во Хрватска, а веќе фокусот е насочен на тоа да се продолжи континуитетот на големите натпреварувања. Денеска во 16 часот во Загреб, Македонија ќе го добие својот противник во бараж дуелот за пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се игра во Данска и Германија.

Македонските ракометари се во улога на фаворити и ќе бидат во барабанот каде што ќе бидат селекциите што се носители на ждрепката. Покрај нашата селекција тука ќе бидат и Шведска или Шпанија, бидејќи една ќе биде директен учесник, потоа Хрватска, Чешка, Словенија, Белорусија, Норвешка, Србија и Исланд. Тоа се ривалите кои не може да ни бидат противници.

Потенцијални ривали ни се Црна Гора, Австрија, Литванија, Унгарија, Португалија, Холандија, Романија, Русија, Швајцарија и Босна и Херцеговина.

Директен пласман на завршницата на Мундијалот кој следната година ќе се игра од 9 до 27 јануари, имаат обезбедено домаќините Данска и Германија, како и актуелниот светски првак Франција.

Место на завршницата ќе има и тимот кој ќе го освои европското злато во Хрватска.

Коронавирус