вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 42
home Ракомет

Лука Циндриќ е нов играч на Барселона?!

Лука Циндриќ е нов играч на Барселона?!

Многу веројатно сагата околу трансферот на Лука Циндриќ од Киелце во Барселона набрзо ќе го добие својот крај, денес потврдија од редовите на полскиот шампион.

Бертус Сервас, првиот човек на Киелце, откри дека преговорите со Барселона за хрватскиот среден бек се во завршна фаза и најверојатно поранешната првата ѕвезда на Вардар од следната сезона ќе го носи дресот на каталонскиот гигант.

„Разговорите се пред самиот крај. За неколку дена ќе се сретнеме со раководството на Барселона и најверојатно ќе ги договориме сите детали. Има некои ситни разлики, но сигурни сме дека ќе бидат надминати и ќе постигнеме конечен договор. Имавме желба да го задржиме, но детскиот сон на Циндриќ е да го носи дресот на Барселона и не сакавме да му го уништиме“, рече Сервас.

Како што се шпекулира, Киелце за овој трансфер ќе добие милионска сума, која моментално сè уште се чува во тајност.

Извор: gol.mk

 

Коронавирус