вторник, 4. август 2020. Вести денес: 149
home Ракомет

Лино Червар со чудна забрана за хрватските ракометари

Лино Червар со чудна забрана за хрватските ракометари

Овој пат нема играње, шефот укина се. Сака да сме фокусирани само на ракомет, вели за 24сата.хр, Игор Карачиќ кој во пар во Лука Циндриќ одлично го замениле повредениот капитен против Исланд.

Доколку кај хрватските ракометари забележувате подобра игра, а не можете да откриете на што се должи тоа, одговорот е едноставен.

Како што пишуваат хрватските медиуми, селекторот Лино Червар им забранил на ракометарите да играат PlayStation.

-Не, овој пат нема играње. Селекторот ни забрани, вели Карачиќ кој низ смеа појаснува дека Лино се им укинал бидејќи мора да се сконцентирани само на ракометот.

Карачиќ додава дека дозволено им е да играат карти, но тоа никој не го прави бидејќи слободното време кое малку го имаат сакаат да го искористат да се прошетаат.

Коронавирус