петок, 30. септември 2022. Вести денес: 146
home Ракомет

Лино Червар да биде суспендиран до крајот на ЕП

Лино Червар да биде суспендиран до крајот на ЕП

Хрватскиот стратег Лино Червар, ќе си ја плати казната од ЕХФ во висина од 3.000 евра, но тоа не е она што го бараат останатите.

Сите се свесни за непромислениот потег на Червар на мечот Хрватска – Белорусија и она фаќање на противничкиот играч, за кој судиите се направија удрени и не досудија ништо, иако гледано по законите и правилата на ракометот, тоа е за црвен картон, сега противниците бараат Червар да биде исклучен од ЕП.

Поточно, ракометарите на Шведска се најгласни околу тоа прашање, дека Червар мора да добие суспензија до крајот на ЕП, па Хрватска иако е домаќин, како знае и умее, нека се снаоѓа.

„За таков потег мора да бидете исфрлени од еден голем натпревар и турнир. Мене тоа исто ми го има направено двапати, но за среќа тоа немаше поголема разлика резултатски сметано“, смета ракометарот Годфридсон.

Коронавирус