петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Левиот бек на Германија остана заклучен во соблекувалната за време на средбата со Белорусија

Левиот бек на Германија остана заклучен во соблекувалната за време на средбата со Белорусија

Интересен момент од средбата меѓу Германија и Белорусија на ЕП 2020.

Левиот бек на Германија Јулиус Кун остана последен во германската соблекувална во паузата меѓу двете полувремиња. Тој остана во тоалет, а вратата од соблекувалната ја заклучија.

За среќа, неговото удирање по вратата го слушна чуварот и Кун сепак настапи во второто полувреме.

„Можеби не треба да го кажам ова, ама јас дури и се израдував што го нема“, се пошегува германскиот селектор Кристијан Прокоп.

Германија лесно и убедливо ја совлада Белорусија, со резултат 31:23.

извор: dribling.mk