четврток, 15. април 2021. Вести денес: 68
home Ракомет

Легендарниот норвешки ракометар најави крај на кариерата

Легендарниот норвешки ракометар најави крај на кариерата

Легендарниот норвешки ракометар Бјарте Мирхол денеска објави дека на крајот од сезонава ќе му каже збогум на активното играње на овој спорт. Мирхол, кој низ кариерата имаше бројни проблеми со повреди, а еднаш излезе како победник и од битката со канцерот на тестисите, имаше договор со тимот на Скјерн до јуни 2022 година, но сепак донесе одлука летово да ја заврши кариерата.

Норвежанецот ќе настапи за својата репрезентација на ОИ во Токио, што ќе бидат негови последни одиграни натпревари.

„Ова е тема на која размислував премногу долго. Ракометот предолго време ми е се во животот, но болката станува преголема. Да се игра на највисоко ниво значи и големо жртвување, а јас не сум сигурен дека можам да издржам. Не минува ниту еден ден без да почувствувам болка, или да спијам мирно. Затоа, мислам дека е вистински момент да кажам збогум. Идеален начин за крај дефинитивно е злато на ОИ во Токио“, изјави 38-годишниот пивот.

Коронавирус