Македонскиот ракометен капитен Кире Лазаров и тимот за кој настапува француски Нант забележаа победа над Истр од 38-27 во рамките на првата ракометна лига на Франција.
Домаќините беа решени да го остават зад себе лошото издание против Целје во Лигата на шампионите, па одиграа одличен натпревар и доминираа во двете полувремиња над Истр и заслужено запишаа триумф со двоцифрена гол разлика.
Лазаров постигна два гола од четири обиди. Најрасположен за игра беше Шпанецот Ривера со 9 голови, додека Нилсен даде 8 за гостите.