среда, 2. декември 2020. Вести денес: 4
home Ракомет

„Лазаров во Македонија е поголем дури и од – претседателот!“

„Лазаров во Македонија е поголем дури и од – претседателот!“

Хрватскиот ракометар Ловро Јотиќ, кој до неодамна го носеше дресот на Еурофарм Пелистер, даде интервју во кое зборуваше за своето искуство во Македонија, а го спомена и капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.

Јотиќ е воодушевен од Лазаров и кажа дека во Македонија сите го гледаат како најголема легенда, а често луѓето се шегуваат и дека е поголем од македонскиот претседател.

„Кире е вистинска легенда на македонскиот ракомет, тоа сите го знаат. Луѓето се шегуваат и велат дека Лазаров е поголем и од претседателот на Македонија. Кога ќе каже нешто, тоа е вистина и тоа се слуша. Би го споредил со Лука Модриќ од Хрватска, не можам точно да кажам бидејќи ние имаме многу врвни спортисти и тешко е да се спореди“, кажа Јотиќ меѓу другото во големото интервју кое може да го погледнете на видеото.

Коронавирус