вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 187
home Ракомет

Лазаров вечерва дебитира како селектор, Јакобсен вели: Не знам што да очекуваме од Македонија

Лазаров вечерва дебитира како селектор, Јакобсен вели: Не знам што да очекуваме од Македонија

Македонскиот најдобар ракометар на сите времиња Кире Лазаров вечерва против светскиот и олимпискиот првак Данска ќе дебитира како селектор на Македонија. Тој една година ќе ја извршува функцијата играч и селектор, додека целосно не се повлече и не ја добие потребната лиценца да може да седи на клупата на нашата селекција.

Неговиот прв меч ќе биде против силната Данска. Нивниот селектор Николај Јакобсен вели дека искрено не знае што да очекува од Македонија вечерва.

-Играме против екипа што игра традиционален ракомет. За овие натпревари вратија, имаат и двајца играчи тренери, нов селектор, така што тоа е помалку чудна екипа. Не знам што можеме да очекуваме од нив. Но, генерално гледано, тоа е млад состав ако се тргнат на страна еден-двајца играчи, изјави Јакобсен за данските медиуми.

Првиот меч меѓу Македонија и Данска се игра вечерва со почеток во 20 часот, реваншот е три дена подоцна во Алборг.

Локални избори 2021