петок, 18. септември 2020. Вести денес: 118
home Ракомет

Лазаров: Подобри сме од 2009 година, едвај чекаме ова ЕП да почне – имаме одличен микс на играчи и топ селектор

Лазаров: Подобри сме од 2009 година, едвај чекаме ова ЕП да почне – имаме одличен микс на играчи и топ селектор

Капитенот на македонската рекометна репрезентација, Кирил Лазаров е светска ракометна ѕвезда и од него веројатно нема подобар соговорник во нашата репрезентација пред настапот на Европското првенство во Хрватска. Во интервју за ЕХФ, капитенот вели дека Македонија има одличен микс на млади и искусни ракометари и топ селектор во Раул Гонзалес.

– Едвај чекам да почне првенството. Има микс од ракометари на различна возраст и супер селектор. Очекувам како и секогаш и огромна поддршка од нашите навивачи. Секако Германците се фаворити во групата, но и трите балкански селекции си имаат свои сметки, вели Лазаров.

Тој е најдобриот стрелец на светските шампионати, а сега на ред е Европскиот ракометен самит во Хрватска. Македонија ќе игра во Ц групата против Словенија, Црна Гора и актуелниот шампион Германија, а три селекции одат понатаму.

– Ова е интересна група, со еден фаворит, Германија и три израмнети селекции. Но, Германците ќе немаат голема поддршка од навивачите, за разлика од нас, Словенците и Црногорците што може да биде фактор на изненадување. Очекувам интересни дуели, додава тој.

Коронавирус