петок, 19. април 2019. Вести денес: 17
home Ракомет

Лазаров по поразот: Не смееме ова да им го правиме на нашите Македонци

Лазаров по поразот: Не смееме ова да им го правиме на нашите Македонци

Капитенот Кирил Лазаров, по поразот на нашата репрезентација од Русија, истакна дека им се должни на Македонците уште еден натпревар и дека во него ќе дадат максимум за да остварат добар резултат.

-Се надевам дека во иднина ќе бидеме попаметни, бидејки човек учи додека е жив. Ќе дадеме се од себе на последниот меч, ќе се обидеме да победиме. Секогаш е убаво да се заврши победнички, а потоа да следува анализа и да се увидат грешките. Не смееме на нашите Македонци во иднина да им го одземеме најголемото задоволството да не гледаат на големите натпревари, бидејки ние сме сепак ракометна нација, истакна Лазаров.

Најдобриот ракометар беше незадоволен од реализацијата на овој меч, како и на претходните дуели на СП и на шега порача дека Македонија во иднина ќе мора да побара тренер со кој ќе работи само на шутевите и на ефикасноста на реализацијата.

-Ни се повторуваат некои работи од меч во меч. Секогаш противничкиот голман е најдобар против нас. Не реализиравме, имавме расположени играчи и игра, но Русија е квалитетна репрезентација која на овој шампионат има пораз од Бразил, а од Франција загуби во последните секунди. Загрижува што не знаеме да реализираме, најверојатно ќе мора да најдеме специјален тренер да вежбаме зицери, односн шутеви очи во очи со голман. Мислам дека дадовме максимум, позитивни работи има многу, но и треба да се поправат многу работи. Да не се повторуваме, ни фалат два до три посериозни играчи на ова СП, изјави Лазаров.