понеделник, 18. март 2019. Вести денес: 108
home Ракомет

Лазаров: Мислам дека не се посрамотивме, напротив, одигравме храбро, квалитетен и модерен ракомет

Лазаров: Мислам дека не се посрамотивме, напротив, одигравме храбро, квалитетен и модерен ракомет

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров по денешниот пораз од Хрватска со 9 гола разлика (31-22) во Минхен, изјави дека „жолто-црвените“ не се посрамотиле, без оглед на конечниот резултат.

Тој сепак истакна дека големиот број промашувања од чисти ситуации довеле до вечерашниот висок пораз.

-Не можете против Хрватска да промашите над 12 зицери. Имаше големи тактички надмудрувања, со тоа што тие ги реализираа своите шанси. Ова не е реалниот резултат, мислам дека требаше да загубиме три или четири голови разлика. Наша цел е да пробаме да влеземе во вториот круг, сега ни останува да одмориме и да видиме што ќе направиме на следните натпревари. Мислам дека не се посрамотивме вечерва, напротив, одигравме храбро, квалитетен и модерен ракомет, изјави капитенот по мечот.