недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров: Ќе соработуваме со македонските клубови за доброто на нашиот спорт и ракомет

Лазаров: Ќе соработуваме со македонските клубови за доброто на нашиот спорт и ракомет

Македонскиот клупски ракомет од оваа сезона ќе биде збогатен со уште еден амбициозен проект. КЛ7 е пријавен меѓу прволигашите во машка конкуренција а целта е развој на домашни играчи. Ова го најави капитенот на нашата сениорска репрезентација, Кирил Лазаров чиј производ е КЛ7.

„Почнуваме нов проект , ракометен клуб во кој предност ќе дадеме на младите македонски играчи. Ќе поставиме принципи на функционирање , сериозен пристап во работата и она што е најнеопходно за напредок кај младите играчи квалитетен тренажен процес во текот на целата година. Ќе бидеме инкубатор за поголемите клубови, ќе соработуваме со сите македонски клубови за доброто на македонскиот спорт и ракомет.” – изјави Кирил Лазаров.

Прв тренер на екипата е Андон Бошковски, подготовките веќе започнаа а деби настапот во македонската прва лига, КЛ7 ќе го има кон средината на месец септември.

До почетокот на сезоната предвидени се неколку контролни натпревари со екипи од земјава.

Извор: dribling.mk