понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 49
home Ракомет

Лазаров: Играњето за националната репрезентација е чувство кое не може да се опише

Лазаров: Играњето за националната репрезентација е чувство кое не може да се опише

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров изјави дека е горд кога го носи дресот со националните бои.

– Играјќи за мојата репрезентација е чувство кое не може да се опише. Со години играм со страст и пасија која не може со зборови да се опише. Ако се вратам назад 20 години сигурно некои работи ќе направев поинаку. Кога си помлад не ги гледаш работите како кога си поискусен. Кога би можел би бил попрофесионален како помлад – истакна Лазаров во интервју за официјалните медиуми на „Хумел“.

Лазаров со својот клуб Нант викендот го освои 2.место на фајнал фор турнирот од Лигата на шампионите во Келн.

Македонскиот ас на овој турнир постигна 14 гола и стана прв стрелец во историјата на Ф4 на ЛШ.