петок, 7. мај 2021. Вести денес: 165
home Ракомет

Лазаров и Кузмановски најдобри стрелци за Македонија во квалификациите

Лазаров и Кузмановски најдобри стрелци за Македонија во квалификациите

По завршувањето на квалификациите за пласман на Европското првенство за ракометари, извесна е финалната листа на стрелци по шесте квалификациони кола.

Македонскиот капитен Кирил Лазаров е на осмото место со 32 гола, додека Филип Кузмановски ја дели деветтата позиција со Шилер од Германија со по 31 погодок.

Енди Шмид од Швајцарија со 55 гола е најдобар стрелец, втор е холандскиот репрезентативец Каи Смитс со 48, додека 40 постигна Финецот Макс Гранлунд.

Македонија со пет победи и еден пораз, обезбеди ново учество на континентален собир, шести по ред, а вкупни седмо во историјата.

Коронавирус