сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров и Кузмановски еден против друг во ЕХФ Купот, лесна група за Ристовски

Лазаров и Кузмановски еден против друг во ЕХФ Купот, лесна група за Ристовски

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беа извлечени групите за Купот на ЕХФ, второто поранг клупско натпреварување. Нема да имаме македонски клуб по елиминацијата на Металург од Горење, но ќе имаме тројца македонски репрезентативци со своите клубови.

Филип Кузмановски со Магдебург ќе игра во групата Ц заедно со Кире Лазаров и Нант, а останатите два противници се Горење и Адемар Леон. Борко Ристовски и Бенфика ќе играат во најслабата група А заедно со данскиот Бјеинргбро, германскиот Мелсунген и полската Гвардиа Ополе.

Групната фаза во ЕХФ Купот започнува во февруари, а место во четвртфиналето ќе добијат сите првопласирани во групите, како и најдобрите две од второпласираните.

извор: 24rakomet.mk

Коронавирус