вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 56
home Ракомет

Лазаров е далеку на врвот: Дибиров после Алборг стана трет најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите

Лазаров е далеку на врвот: Дибиров после Алборг стана трет најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите

Одличниот настап на Тимур Дибиров против Алборг и шесте постигнати гола го искачија Русинот на третото место на вечната листа најдобри стрелци во ова натпреварување.

Русинот и близу до 1.000 голови, односно точно има 971 гол во најелитното натпреварување, а против Данците го мина Момир Илиќ, кој има 969 гола.

Левото крило на македонкиот ракометен шампион Вардар, Русинот Тимур Дибиров по шесте гола што ги постигна на мечот меѓу Вардар и Алборг во Лигата на шампионите, изби на третото место на вечната листа на најдобри стрелци во ова нaтпреварување.

Сега, пред Дибиров се уште Никола Карабатиќ со 1091 гол, како и најдобриот македонски ракометар во историјата и селектор Кире Лазаров, кој е неприкосновен со 1462 голови во Лигата на шампионите.

Коронавирус