петок, 21. јануари 2022. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров донесе одлука: Ова е мојата последна сезона како играч!

Лазаров донесе одлука: Ова е мојата последна сезона како играч!

Македонскиот ракометен селектор и капитен, Кирил Лазаров, и во следната сезона ќе го гледаме на ракометните терени. Пред извесен период нашиот најдобар ракометар потврди дека останува во Нант и го продолжи договорот со францускиот тим, а во изјава за клупскиот сајт потврди дека овој потпис дефинитивно ќе биде негов последен како играч.

Тоа значи дека Лазаров по завршувањето на сезоната 2021/22 и официјално заминува во играчка пензија.

„ Среќен сум тука, приврзан со клубот, ракометарите и фановите. Посебно по една вака успешна сезона, заокружена со Ф4 на Лигата на шампионите. Тоа многу ми значи. Можам уште да му дадам на тимот следната сезона, па затоа останувам. Сезоната во пандемија беше тешка за сите нас. Со младите се чувствувам помладо и јас. Атмосферата е одлична, јас им помагам, но и тие ми се добредојдени. Мојата визија сега е подеднаква и како играч и како тренер и мислам дека тоа може да биде од помош.

Дефинитивно ова ќе биде мојата последна сезона како играч, одлуката веќе е донесена. Кога ќе преброите, поминаа многу години. Но, најважно е да се чувствувате добро, вашето тело да биде добро и да не чувствувате болки. Отсекогаш сум се трудел да бидам што попрофесионален. Секогаш се чувствувам во добра форма, го сакам спортот, го сакам ракометот и сакам да завршам без тешкотии“, рече Лазаров, кој богатата кариера ќе ја заврши на 42 години.

Лазаров е сместен меѓу легендите на оваа игра. Тој е актуелен рекорден по постигнати голови во Лигата на шампионите и е ракометар со најмногу одиграни натпревари во ракометната елита на ЕХФ.

Коронавирус