четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров до навивачите: Наоружајте се со „дијазепам“, продолжуваме со исто темпо!

Лазаров до навивачите: Наоружајте се со „дијазепам“, продолжуваме со исто темпо!

Капитенот на ракометната репрезентација, Кирил Лазаров, преку „Репортер“ испрати порака до македонските навивачи: „Наоружајте се со ‘дијазапам’, продолжуваме со исто темпо“.

По вчерашниот инфаркт-меч меѓу Македонија и Германија, нашата репрезентација заврши на првото место во групата и пренесе три бода во втората фаза каде што ќе одиграат натпревари против Шпанија, Данска и Чешка. Првиот натпревар против Шпанија ќе се игра в недела.

-Атмосферата е одлична. Би било чудно да е поинаку. Меѓутоа, работи и свеста и нема преголема еуфорија. Играме добро, тоа е најважно. Но, можеме уште подобро. Имавме тешка група и освоетното прво место е за почит, изјави Кире за „Репортер“.

Коронавирус