петок, 16. април 2021. Вести денес: 137
home Ракомет

Ландин го продолжи договорот со Кил до 2025 година

Ландин го продолжи договорот со Кил до 2025 година

Данскиот ракометен голман Никлас Ландин потпиша нов четиригодишен договор со актуелниот европски првак германски Кил.

По мегатрансферот на Микел Хансен од Алборг во 2022 година се најавуваше дека Ландин би можел да ги следи стапките на својот репрезентативен колега и да се врати во татковината.

Ландин сепак стави крај на шпекулациите потпишувајќи со Кил до 2025 година.

Самиот голман исто така беше презадоволен од постигнатиот договор.

„За мене немаше друга опција. Сакав само да потпишам нов договор со Кил, се чувствувам прекрасно овде, моето семејство е одлично. За мене Кил е најдобриот клуб во светот на ракометот“, истакна Ландин.

Коронавирус