понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 60
home Ракомет

Кузмановски: Самите сме виновни што загубивме

Кузмановски: Самите сме виновни што загубивме

Филип Кузмановски по натпреварот со Словенија даде коментар и истакна дека репрезентацијата може да жали за неуспехот затоа што техничките грешки го одлучиле победникот.

„Имавме доста технички грешки, но до крај се боревме и покрај тоа што го немавме Кире Лазаров во тимот. Самите сме си виновни што загубивме. Сепак, не треба да очајуваме, ни следат уште два натпревари, во кои верувам дека ќе ги поправиме техничките грешки. Детали ни фалеа на овој натпревар. Ми се допадна оваа Македонија. Нема простор за разочарување, ни следи нов натпревар в сабота“, изјави Кузмановски.

Коронавирус