недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 58
home Ракомет

Кузмановски потпиша со „Еурофарм Работник“

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски денеска потпиша со „Еурофарм Работник“.

Тој ја прекина соработката со Металург и стави потпис на договор со битолскиот клуб, кој важи до крајот на сезоната.

За средниот бек беа заинтересирани уште неколку странски екипи, меѓу кои и ППД Загреб и Татран Прешов, но тој одлучи да остане во Македонија барем до крајот на сезоната.

Од следната, Кузмановски ќе се пресели во Бундеслигата, каде што има договор со тимот на Магдебург. (МИА)