понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 27
home Ракомет

Кузмановски: Ни недостасува енергијата на Червар

Кузмановски: Ни недостасува енергијата на Червар

Капитенот на Металург, Филип Кузмановски, за сајтот на СЕХА-лигата изјави дека на тимот му недостасува енергијата што ја носеше присуството на Лино Червар.

– Иако работиме според истите принципи и се придржуваме до истите тактики и вежби, верувам дека неговото присуство е многу значајно за овој млад тим. Ни недостасува неговата енергија и начинот на кој тој ја предава на ракометарите, вели Кузмановски во интервјуто за СЕХА лигата.

Кузмановски е еден од тројцата најдобри ракометари на Металург во тековната сезона, со 48 постигнати гола во СЕХА-лигата и 31 гол во Лигата на шампионите. Со самото тоа, тој е еден од лидерите на младата генерација не само во Металург, туку и во Македонија во целина.

– Јас сум убеден дека можевме да одиграме подобро на неколку натпревари во текот на сезоната, но и да се загуби не е секогаш лошо. Поразите често ви го покажуваат правилниот пат и ви ја сопираат помислата дека сте најдобар, што особено лошо делува на младите ракометари. Сметам дека во одредени ситуации ни недостасуваше искуство, но исто така сметам дека тоа ќе го добиеме со текот на времето и дека се ќе тргне кон подобро, нагласува капитенот на клубот од Автокоманда.