Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски, се поврзува со позицијата организатор на играта во екипата на Хановер. На крајот од сезоната од тимот заминува ветеранот Мортен Олсен, па тоа ќе ослободи место, а наводно клубот размислува за ангажман на нашиот ракометар.
Пред 23-годишниот Македонец стојат имињата на Миха Зарабец и Сташ Скубе, но тешко дека тие би се одлучиле да ја продолжат кариерата во тим со квалитетот и рангот на Хановер. Неколку големи екипи ќе бидат конкуренти за бундеслигашот за потписот на овие двајца словенечки интернационалци.
Изненадувачка нова опција, како што пишуваат германските медиуми, е Кузмановски кој нема доволно минутажа во Магдебург. 198-сантиметри високиот играч пристигна во Бундеслигата минатата сезона и потпиша договор до 2022 година.
Неговата форма не ја радува македонската репрезентација, а подигрнување на истата е спречено од големата конкуренција. Тренерот Бенет Вигерт ретко му дава шанса и најчесто истата е кога натпреварите се веќе одлучени.
Останува да видиме дали талентираниот македонски репрезентативец ќе ја промени средината во наредниот период.
извор: gol.mk