четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 205
home Ракомет

Криштопанс: Самсоненко вети дека ќе ми го исплати целиот долг, ама…!

Криштопанс: Самсоненко вети дека ќе ми го исплати целиот долг, ама…!

Летонскиот ракометен џин, Даинис Криштопанс, веќе неколку месеци не е член на Вардар, од каде што замина на кус престој во германски Фуксе Берлин, пред да му почне повеќегодишниот „мандат“ во ПСЖ, но и покрај тоа темата поврзана со актуелниот европски шампион е нешто што му носи голем број новинарски прашања.

Така, во интервју за рускиот „Брз центар“ тој се наврати на периодот минат во црвено-црниот дрес, особено на финансискиот дел.

„Вардар ми остана должен. Но Самсоненко вети дека ќе ми го исплати целиот долг до крајот на годината. Ама… Се надевам дека така и ќе биде“, вели Криштопанс.

Летонецот откри и со кого последен контактирал од вардаровиот табор.

„Последен со кој разговарав беше Глеб Калараш, кога бев во карантин во Берлин. Ги разменивме новостите и тоа беше тоа“, објасни десниот бек.

Криштопанс открива дека пред неговото заминување атмосферата во Вардар вече била тажна поради финансиските проблеми и неисполнетите ветувања.

„Ситуацијата во клубот, целокупната атмосфера стануваше сѐ потажна, бидејќи слушавме ветувања што не се исполнуваа. Покрај тоа, сѐ повеќе растеше улогата во клубот на Михајло Михајловски, за кого знаевме дека ќе го преземе управувањето. Тој повеќе се интересираше за случувањата за наредната сезона, па кога дојде понудата од Берлин решив да ја прифатам“, објасни летонскиот репрезентативец.

Десниот бек потенцира дека главна причина за трансферот во ПСЖ е можноста пак да работи со Раул Гонзалес.

Парламентарни избори 2020