среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Ракомет

Кречмар: Кил да се подготви за „пекол“ во Скопје, такви навивачи нема никаде

Кречмар: Кил да се подготви за „пекол“ во Скопје, такви навивачи нема никаде

Стефан Кречмар е ракометна легенда на Германија, во моментов работи како колумнист за „Скај Германија“, аналитичар за ракомет и добар познавач на состојбите во Европа.

Во пресрет на дербито во Скопје меѓу Вардар и Кил, легендарниот Кречмар го предупредува тимот од Германија.

„Вардар и оваа година е еден од главните кандидати за пласман на Ф4 во Келн, имаат квалитетен тим, играат цврсто. Иако ги напуштија многу играи, повторно создадоа тим кој „гризе“. Кил треба да се подготови и за „пекол“ во Скопје, домашните навивачи се неверојатни, такви нема никој во Европа, овој меч за Кил ќе биде многу тежок“ – напиша Кречмар.

Вардар го пречекува Кил в сабота од 17-30 часот, билети веќе нема.

Извор: dribling.mk