сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 57
home Ракомет

КОРОНАТА ЗЕМА ЗАМАВ ВО РАКОМЕТОТ- и во трет македонски клуб има позитивни ракометари

КОРОНАТА ЗЕМА ЗАМАВ ВО РАКОМЕТОТ- и во трет македонски клуб има позитивни ракометари

По тимовите Голден Арт КЛ7 и Радовиш, ракометниот клуб Струга е третиот од групата А кој пријави дека има заболени играчи со ковид-19. Тестирањата покажале дека седум лица се позитивни и веднаш се ставени во самоизолација. РФМ одлучи целата групата А да ја стави во мирување во наредните 15 дена.

Што се однесува до оние тимови на кои им е дозволено да се натпреваруваат, тимот на Пелистер 2 стигнаа до втората победа сезонава во Суперлигата откако го декласираа Младост Богданци 30:22. Цветан Кузманоски со осум гола беше прво име во победничкиот табор, додека Јован Талевски мечот го заврши со пет гола. Кај поразените се истакна Александар Лупашко кој стрелаше седум пати.

Ракометарите на Прилеп ја забележаа првата победа, откако триумфираа над Работнички со 34:29.

Коронавирус