среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 119
home Ракомет

Конечно и Грците да направат нешто добро за Македонија

Конечно и Грците да направат нешто добро за Македонија

Грчката ракометна репрезентација направи големо изненадување и на домашен терен го намачи фаворитот Исланд (28-28), иако беше на прагот да победи и да ѝ направи голема услуга на Македонија.

Натпреварот во Кожани се реши во самиот финиш. Големиот фаворит доста се мачеше, а во второто полувреме, иако водеше со три гола (17-20), се доведе до ситуација да се спасува во инфаркт-финиш. Грците во завршница од 25-25, дојдоа до 27-25, но во финишот Исланд доби седмерец, а Грците исклучување, по што поискусните гости ја анулираа негативата од два гола.

Македонија сега има бод предност пред влезот во последното коло, а со реми или победа над Грција, истото ќе го потврди и ќе има подобра ждрепка, затоа што ќе ги чека ривалите на ЕП од вториот шешир.

Групите на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во три земји во 2020 година ќе бидат извлечени на 27 јуни во Виена.

Извор: gol.mk