Соиграчот на македонскиот ракометен репрезентативец Никола Митревски од Порто, Алфредо Кинтана на тренинг доживеал срцев удар.
Веднаш бил пренесен во болница, и од клубот најавија дека навремено ќе ја информираат јавноста за состојбата на искусниот 32. годишен голман.
Кинтана кој е роден во Куба ги брани боите на Португалија.