среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 75
home Ракомет

Кои се можните противници на македонските ракометари (фото)

Кои се можните противници на македонските ракометари (фото)

Изминатиот викенд беа комплетирани квалификациите за Европското првенство, на кое Македонија одново ќе се надигрува со најдобрите. Во група со светскиот првак Данска, нашата селекција избори втора позиција со идентично бодовно салдо како избраниците на Николај Јакобсен.

Денес на програмата од 17:00 часот е ждрепката која ќе ни ги донесе противниците во групната фаза. Будимпешта ќе биде местото каде што ќе се извлекуваат имињата на учесниците.

Најдобрите 24 репрезентации се сместени во четири шешири. Македонскиот национален тим е дел од третиот шешир.

Конкуренцијата ќе биде огромна, а Македонија со нетрпение ќе ги чека имињата на ривалите. Од првиот шешир не може да се добие лесен противник, со оглед на квалитетот на сите репрезентации. Вториот шешир носи опасност од скандинавските екипи на Данска и Шведска, тука е и Унгарија, а од последниот шешир би можеле да ни паднат Полска, Црна Гора, БиХ, Холандија, Украина или Литванија.

Шест репрезентации веќе се сместени во групите. Словенија е во група А, Унгарија ќе стартува во група Б, Хрватска ќе ја предводи групата Ц, Германија најде место во групата Д, Чешка ќе биде дел од групата Е, а Словачка во групата Ф.

Титулата ја бранат Шпанците кои се израдуваа пред една година на настанот организиран во Австрија, Норвешка и Шведска.

ЕУРО 2020

Македонија