недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 49
home Ракомет

Ќе се проширува ракометната Суперлига во Македонија

Ќе се проширува ракометната Суперлига во Македонија

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука актуелната сезона да не се заврши. Сепак од неа нема да испадне никој, а првопласираните три екипи од двете втори лиги ќе добијат шанса да играат во елитниот ракомет.

Дури 6 екипи кои се натпреваруваа во прекинатата сезона во групите 1 и 2 од Првата лига ќе станат членови на Суперлигата. Во групата 1 тоа се Астарион, Прилеп 2010 и Јуниор К.В., додека од групата 2 ќе добијат промоција Тиквеш, КЛ7 и Младост.

Наредната сезона вторите екипи на Вардар и Металург (Вардар Јуниор и Металург 2) нема да учествуваат.

Тимовите ќе бидат поделени во две групи од по 7, а учесниците во регионалната СЕХА лига – Вардар и Пелистер – ќе бидат ослободени од настап во првиот дел од сезоната.

Коронавирус