сабота, 17. април 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Кирил Лазаров: Време е да ставам се на едно место и да креирам мој модел

Кирил Лазаров: Време е да ставам се на едно место и да креирам мој модел

Македонскиот ракометен капитен Кирил Лазаров е пред прв предизвик како селектор и играч во македонската ракометна репрезентација.

Легендата која остави длабока трага во нашиот ракомет ќе има нова улога, а во интервју за ЕХФ говореше за претстојните предизвици.

„Да седам на клупата на репрезентацијата од мојата земја е огромна чест. Дали имам притисок? Секако, затоа што се сакаат резултати. Ама успехот нема да дојде сам само затоа што јас сум Кирил Лазаров. Каков тренер ќе бидам, секогаш ме прашуваат. Учев од Лино Червар, Талант Душебаев, Чави Пасквал, тие имаа големо влијание на мене, не само како играч, туку и како човек. Тие доаѓаат од различни места, имаат различни биографии. Време е да ставам се на едно место и да креирам мој модел. Време е да ги извадам белешките од пред 20 години. Ракометна тактика, спортска психологија, мотивација, како да останеш на врвот по победата, сите мои идеи се таму“, вели Лазаров.

Први предизвици за Лазаров како селектор-играч ќе бидат двата натпревари против светскиот првак Данска во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во 2022 година .

 

Коронавирус