петок, 10. јули 2020. Вести денес: 112
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Ракомет

Кире Лазаров vs. Кристијано Роналдо: 74:71

Кире Лазаров vs. Кристијано Роналдо: 74:71

Најдобриот македонски ракометар дури за три сантиметри скокна повисоко од португалската фудбалска ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Најдобриот ракометар на македонската репрезентација која моментно учествува на Европското првенство е секогаш во центарот на вниманието.

Вистинска гол-машина, тоа го докажува и на 39 години на континенталниот собир, после две кола има вкупно 19 погодоци во прелиминарната фаза во Виена.

Десниот бек на францускиот ракометен клуб Нант е еден од најдобрите ракометари во светот, а статистичарите објавија уште еден многу интересен податок околу нашиот репрезентативец.

Лазаров има направено одраз од дури 74 сантиметри и е на делба на првото место во оваа категорија.

Тоа е дури за три сантиметри подобро од португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, играчот на италијанскиот шампион Јувентус.

Членот на „Старата дама“ скокна дури 71 сантиметар во фантастичниот погодок со глава на дуелот против Сампдорија.

Парламентарни избори 2020