петок, 23. јули 2021. Вести денес: 117
home Ракомет

КИРЕ ЛАЗАРОВ ПИШУВА АВТОБИОГРАФИЈА: Открива кога ќе ја заврши кариерата и кој е патот до врвот

КИРЕ ЛАЗАРОВ ПИШУВА АВТОБИОГРАФИЈА: Открива кога ќе ја заврши кариерата и кој е патот до врвот

Љубителите на спорот во Македонија и регионот ќе добијат наскоро интересна книга за читање во која ќе биде опишан патот до врвот на еден од најдобрите ракометари на 21 век, Кире Лазаров, пишува Балкан Хандбол.

Најдобриот стрелец на ЕХФ Лигата на шампиони на сите времиња и рекордерот по многу основи во светот на ракометот ја пишува својата автобиографија во соработка со Жика Богдановиќ, основачот на ракометниот портал.

Лазаров одлучил својата приказна од родното Свети Николе до француски Нант, каде во летото 2022 година ќе ја заврши кариерата, да ја пренесе на хартија. Целта е сегашните, но и идните генерации да имаат вреден документ за пожртвуваноста, борбата, падовите и успесите кои се неизбежен дел од патот во врвот.

-Со многу ентузијазам и енергија влегов во овој проект. Ми требаше многу време и енергија да се сетам на најинтересните ситуации во кои се најдов за време на 30 годишната ракометна кариера. Уверен сум дека конкретните примери ќе им бидат од корист на моите почитувачи. Ова е ново искуство за мене, вели Лазаров.

Автобиографијата на Лазаров ќе биде достапна за читателите до крајот на 2021 година.

Коронавирус