вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 188
home Ракомет

Кире Лазаров открива што ќе прави понатаму по завршувањето на неговата кариера како ракометар

Кире Лазаров открива што ќе прави понатаму по завршувањето на неговата кариера како ракометар

Најдобриот македонски ракометен репрезентативец Кирил Лазаров, успешно ја помина изолацијата по позитивниот тест на коронавирусот во својот клуб Нант, и во интервју за „Јутарњи лист“ потврди дека по завршувањето на кариерата како ракометар ќе прдолжи да работи како тренер. Тој за својот нов предизвик наскоро ќе се стекне и со мастерс коуч лиценца, пренесува Вечер.пресс

-Наскоро ќе се стекнам со Мастерс лиценца, се оди според планираното. Не се наметнувам никому, шанси секогаш има, но важно е да се избере вистинскиот момент. Можам уште утре да почнам да работам како тренер, но тоа не е суштината на оваа работа, откри Лазаров во разговор за „Јутарњи лист“.

-Морам да кажам дека дефинитивно ќе го прдолжам мојот престој во ракометот и во иднина планирам да работам како тренер. Вложувам многу во образованието и тоа постојано ме наградува. Наскоро ќе се стекнам со мастерс лиценца за главен тренер по А лиценцата преку ЕХФ на тема „Анализа на натпреварите во Шпанија, во финалето на Европското првенство 2020 година во Стоколм.“ Мислам дека многу може да се научи од Жорди Рибера, се си оди според планираното, јас не се наметнувам никому и воопшто не ми се брза. Шанси секогаш има, но важно е да избере вистинскиот момент за тоа. Можам уште утре да почнам да работам како тренер, но тоа не е суштината на оваа работа, откри Лазаров.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација ја откри и тајната на својата долговечност на теренот.

-Го работам она што го сакам и затоа ми е лесно. Се посветив на фитнесот, бидејќи годините си се години што и да мисли некој, би лажел кога би кажал дека не ги чувствувам. Тренирам ракомет четири пати неделно, здрав сум и што е најважно не заостанувам. Има мир околу мене и не можам да кажам дека не сум задоволен од мојата работа, вели Кире

Лазаров има активен договор со Нант, но се уште ја прави разликата на теренот. Но по се изгледа дека наскоро ќе му каже збогум на активното играње ракомет и ќе се посвети на тренерската кариера. Тој се уште е активен и во репрезентацијата на Македонија, а покажа колку се уште е добар и на последните два квалификациски дуели со Швајцарија и Финска.

Извор: ВЕЧЕР.ПРЕСС

Коронавирус