вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Кире Лазаров откри каде ќе ја заврши кариерата

Кире Лазаров откри каде ќе ја заврши кариерата

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и ракометар на францускиот Нант, во обемно интервју за „Независне“ зборуваше на повеќе теми за ракометот.

Една од нив беше и неговиот план каде се гледа, односно каде размислува да ја заврши кариерата.

„Кариерата најверојатно ќе ја завршам во Нант,тоа е сигурно. Имам неколку опции за понатаму во главата, па ќе видиме по кој пат ќе се одлучам“. Француското првенство еедно од најтешките, затоа што секој може секого дапобеди, секоја година е се посилно првенството. Екипите ги подигаат своите буџети, а со тоа доаѓа и квалитетот“.

„Никогаш порано не мислев дека ќе играм во Франција, но преку ноќ решив да се преселам овде, кога го видов нивниот амбициозен проект, па се решив за трансфер овде“.

Тој зборуваше и за неговите настапи во националниот дрес, за кој рече дека тоа е негова гордост.

„Бевме неколкупати блиску до полуфиналиња. Националниот дрес го носам од 1997 година и д оста сум горд на тоа. Македонија е ракометна земја и тоа треба да се негува. Луѓето во Македонија го сакаат ракометот. Реков дека верувам во чуда и се држам до тоа. Македонија има нова генерација играчи, кои се талентирани и им треба наша помош. Мојата земја многу направи во ракометот овие две децении и во иднина ќе биде уште подобра. Народот кој сака спорт, не смееш да го разочараш и да му го скратиш правото на ракомет“, нагласи Лазаров.