вторник, 3. август 2021. Вести денес: 58
home Ракомет

Кире Лазаров го скрати списокот на кадетите за ЕХФ-шампионатот (ФОТО)

Кире Лазаров го скрати списокот на кадетите за ЕХФ-шампионатот (ФОТО)

Селекторот Кире Лазаров по дводневниот собир на кадетската селекција го скрати списокот на оние играчи на кои ќе смета во пресрет на ЕХФ-шампионатот што во месец август ќе се одржи во Скопје.

На скратениот список на Лазаров има 23 играчи, а лидери се очекува да бидат Ѓорѓоски од КЛ7 и Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2, ракометари кои имаа значајни улоги во своите екипи при настапите на сениорско ниво во Супер-лигата.

Македонија ќе биде домаќин на овој ЕХФ-шампионат, на кој првопласираната селекција ќе обезбеди пласман на европското кадетско првенство.

Коронавирус